Џон Кери ги советува Американците да учат руски

Поранешниот државен секретар на САД Џон Кери ги советува американските студенти да го учат рускиот јазик за да имаат поголемо влијание врз владата на својата земја.

Во среда вечерта Кери планира да настапи пред студентите на Школата „Кенеди“ при Универзитетот во Харвард.

Весникот „Политико“ претходно објави делови од неговиот говор.

„Често ме прашуваат која е тајната за да се изврши реално влијание врз владата. Неодамна сѐ се смени. Би рекол дека со оваа администрација во Белата куќа треба да се купи учебник и да се учи рускиот јазик“, се вели во говорот на Кери, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња