ФСБ: Терористи планирале да подметнат бомби во московскиот јавен транспорт

Во Москва се приведени четворица членови на терористичка група која се состоела од државјани на Русија и земји од Централна Азија, соопштува ФСБ.

Во нивното живеалиште е откриена лабораторија за производство на експлозив, готова бомба и компоненти за нејзино изготвување, автомати, муниција, гранати и екстремистичка литература, пренесува „Лента.ру“.

Групата планирала да врши терористички напади со помош на самоделни експлозивни направи врз објекти на градската транспортна инфраструктура, истакнува руската специјална служба. Според информациите, раководењето со групата која е дел од „Исламската држава“ се вршело од територијата на Сирија. По извршувањето на терористичките напади екстремистите планирале да заминат за Сирија со цел учество во борбените дејствија во состав на ИД.

Претходно „Интерфакс“ соопшти дека се приведени четири лица со потекло од Централна Азија. Добро запознаен извор раскажа дека за странците се претпоставува дека се врбувачи на терористите. Соговорникот на агенцијата додаде дека живеалиштето било опремено како место за молитва и било популарно меѓу локалните муслимани.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња