ФИФА: Добредојдовте на фудбал во прекрасната земја Русија

Првиот човек на ФИФА Џани Инфантино ги пофали организаторите на Купот на конфедерациите 2017 за работата при подготовката на турнирот, пишува „Кронен Цајтунг“. Претседателот на ФИФА исто така им препорача на сите фудбалски навивачи да дојдат во Русија и „да ја откријат оваа прекрасна земја“, истакнува австриското издание.

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино ја пофали Русија за стореното во подготовката на Купот на Конфедерациите кој треба да стартува за четири недели, пишува „Кронен Цајтунг“.

„Отсекогаш бев убеден дека Русија ќе ги исполни сите преземени обврски“, изјави Инфантино на средбата со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во Краснодар. „Затоа ако некој кога било и се сомневал во тоа, сега може да го види резултатот“.

Шефот на ФИФА исто така им препорача на сите љубители на фудбалот да дојдат во Русија на Купот на конфедерации и на Светското првенство во 2018 и „да ја откријат оваа прекрасна земја“, истакнува австриското издание.

Од своја страна, претседателот на Русија Владимир Путин потенцираше дека организаторите на турнирите ќе направат сѐ што можат услугите и условите за престој да бидат на највисоко ниво.

„Кронен Цајтунг“ потсетува дека во Купот на конфедерациите 2017, кој ќе се одржи од 17 јуни до 2 јули, ќе учествуваат осум репрезентации, меѓу нив и шампионот на светот – Германија. Четири руски градови ќе бидат домаќини на натпреварувањето - Москва, Санкт Петербург, Сочи и Казањ, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња