„Ди Велт“: Ако „нападне Русија“, Германците планираат да си седат дома

Поголемиот дел од Германците одби да ги поддржи источните сојузници во НАТО „во случај на напад од Русија“, пишува „Ди Велт“ повикувајќи се на податоци од јавна анкета. Сепак, и покрај ова, германската влада е подготвена да ја преземе врз себе во „критична ситуација“ главната улога за заштита на Европа во случај на „руска инвазија“.

53% од Германците немаат желба да им даваат воена помош на Естонија, Полска и Литванија во случај на напад од Русија, пишува новинарката на „Ди Велт“ Кристоф Шилц повикувајќи се на податоци од анкетата на Вашингтонскиот истражувачки центар „Пју“ . На тој начин, Германија стана земја со најмалку поддршка за тнр. петти член на НАТО.

Во земји како што се Холандија, Полска, Канада и САД, овој показател изнесува 23%, 26% и 31%, соодветно. Во Франција и Велика Британија против поддршка за источните НАТО-сојузници се изразија 43%, во Шпанија 46%.Најмногу од сѐ против воена поддршка се изјаснија германските жени - 62%. Вкупно само четири од десет Германци се подготвени да ги бранат НАТО-сојузниците во случај на руска инвазија.

Од своја страна, германската влада ја брани спротивната позиција и во случај на напад од Русија е подготвена да ја игра главната улога во одбраната сојузниците во НАТО, пишува Шилц. Бундесверот редовно го презема раководството со силите за брза реакција на НАТО. Исто така, под команда на Берлин во Литванија се наоѓаат 450 војници и многу тенкови на баталјонот на НАТО, наменет за „заплашување на Русија и одбрана на земјата“.

Според податоците на авторот на материјалот, поддршката за НАТО минатата година се зголемила: 67% од Германците се однесуваат позитивно спрема него. Во Полска и Холандија, Алијансата е поддржана од 79% од населението, во САД -  62%. Најниска бројка покажа Шпанија - 45%. Исто така, меѓу Европејците намалена е увереноста дека САД ќе дадат поддршка во „критична ситуација“. Дека Вашингтон ќе ѝ помогне на ЕУ веруваат 70% од Шпанците, 65% од Германците, 60% од Французите и 57% од полјаците, заклучува авторот на „Ди Велт“, пренесува RT.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња