Министерството за одбрана на САД бара специјални инструктори кои ќе предаваат руска воена терминологија, како и обичаи и традиции на народот за групите за специјална намена на Националната гарда. Соодветниот тендер е објавен на сајтот за државни набавки на САД.
Изведувачот е веќе најден, меѓутоа никакви информации не се откриваат во врска со него. Датумот на почеток на програмата исто така не е прецизиран.
Војниците на американската Национална гарда во период од 3-6 недели ќе учат руска воена терминологија - од понеделник до петок од 08:00 до 17:00 часот.
Програмата предвидува запознавање со воена терминологија и обука за практично користење на симболите, како и со значајните за регионот елементи на културата, вклучително и важни историски датуми и лица.
Се планира програмата да трае пет години. Први треба да ја поминат војниците на 20 падобранско-десантен полк на Националната гарда на САД, попознати како „Зелени баретки“.
Националната гарда на САД постојано учествува во странски операции, како што е операцијата „Атлантска решеност“, во која се обидуваа да ја заштитат Европа од наводната руска закана, пишува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче