Медиуми: Турција воведе нови ограничувања за увоз на руска пченица

Турција ја запре квотата за набавка на руска пченица – на Русија треба да ѝ припадне 20-25% од сите издадени лиценци за увоз, соопшти аналитичкиот центар „Совекон“.

Оваа информација ја потврдуваат руските извозници. Притоа министерството за земјоделство на РФ не добило од Анкара официјално известување, пишува „Взгљад“.

Се работи за лиценци кои овозможуваат извоз во Турција на пченица без царина за преработка и понатамошен експорт.

Таквиот режим Турција го користи спрема сите земји со цел да го заштити домашниот пазар.

Директорот на „Совекон“ Андреј Сизов го поврзува овој чекор на Турција со тоа што Москва исто така во целост не ги укина ограничувањата на увоз на домати од Турција.

Покрај тоа, Русија не е вклучена меѓу можните извозници на пченка на мајскиот тендер.

На почетокот на мај Анкара соопшти дека ги укинува ограничувањата за испорака на руска пченица.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња