Турција ги укина ограничувањата за увоз на пченица од Русија

По преговорите помеѓу претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, е соопштено дека Москва и Анкара постигнале договор за укинување на ограничувањата за испорака на прехранбени производи.

Анкара објави дека ги укинува ограничувањата за увоз на руска пченица, објавува агенцијата Блумберг, повикувајќи се на министерот за економија на Турција Нихат Зајбекчи.



Меѓу другото, Зајбекчи рече дека сега „турските увозници можат да набавуваат руска пченица“, пренесува Взгљад.

Во средата по преговорите на помеѓу претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, е соопштено дека Москва и Анкара постигнале договор за укинување на ограничувањата за испорака на прехранбени производи, а тоа се однесува и на пченицата.



Турција инсистираше Русија да го укине ограничувањето на испораката на домати.

Кон крајот на април потпретседателот на руската влада Аркадиј Дворкович изјави дека прашањето во врска со увозот на пченица во Турција за Москва е безусловно и дека без тоа нема да бидат укинати никакви руски ограничувања.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња