Во „градот на мртвите“ во руски Ростов најдени останки на 44 лица

Во Ростов на Дон, во текот на ископувањата на антички некрополис се откриени повеќе повеќе од 40 закопани Меоти, чија возраст изнесува околу две илјади години.

Во Ростов на Дон, во текот на ископувањата на антички некрополис се откриени повеќе повеќе од 40 закопани Меоти, чија возраст изнесува околу две илјади години. Претходно археолозите соопштија за само три крипти. Во гробниците, исто така, се пронајдени садови, глинени пехари, керамички фрагменти и други артефакти.

„Ова погребување е интересно, бидејќи откривме гробови на обични луѓе. Сега имаме можност да дознаеме како живееле најобичните жителите на Дон во I-II век н.е., како ги испраќале во задгробниот свет нивните најблиски, какви предмети користеле. Покрај тоа, со најдените останки подоцна ќе работат антрополози и палеонтолози, што ќе даде можност да се дознае за причините на смртта и да се обнови нивниот оригинален изглед“, изјави раководителот на археолошката експедиција Александар Нечипорук.

Научниците претпоставуваат дека најдениот некрополис (град на мртвите) се однесува на Ростовскиот град, чие население пред две илјади години го сочинувале Меоти, босфорски Грци и Сармати. Вкупно околу Дон, кој старите го нарекувале Танаис, постојат десет меотски населби. Се претпоставува дека сите овие населби биле уништени во III век од н.е., за време на инвазијата на Хуните, но археолошки докази за хипотезата сѐ уште не се пронајдени, пишува „Росијскаја газета“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња