Путин го нарече нападот во Манчестер „цинично злосторство“

Претседателот на Русија Владимир Путин изрази сочувство до премиерот на Велика Британија Тереза Меј во врска со терористичкиот напад во Манчестер во кој загинаа 22 лица.

Во обраќањето на Владимир Путин до премиерот на Велика Британија кое го објави прес-службата на Кремљ, терористичкиот напад во Манчестер се нарекува „цинично и нехумано злосторство“.

„Сметаме дека неговите нарачатели нема да ја избегнат заслужената казна“, потенцира шефот на руската држава.

Путин исто така ја потврди подготвеноста за зголемување на антитерористичката соработка со британските партнери – како на билатерална основа, така и во рамките на меѓународните напори.

Претседателот на Русија искажа зборови на сочувство и поддршка за семејствата на загинатите, како и желби за најскоро оздравување на сите повредени, пренесува РБК.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња