САД се обраќале до Русија со прашања за вмешаноста во изборите

САД се обратија до Русија за разјаснување во врска со хакирањето на серверите на Демократската партија од наводно руски хакери пред минатогодишните претседателски избори, соопшти за весникот „Комерсант“ заменик-секретарот на Советот за безбедност на РФ Олег Храмов.

„Го направија тоа задоцнето. Првото барање пристигна една недела пред ноемвриските избори“, изјави тој.

Според него, Русија оперативно реагирала на барањето. Храмов истакна дека одговорот содржел исцрпни одговори на поставените прашања, вклучително и на технички план.

„Руските профилни институции благовремено реагираат на сите барања кои пристигнуваат од странските партнери. Затоа одговорот беше даден веднаш, во ноември. Беше побарана дополнителна информација, затоа што податоците кои ги имаше во првото обраќање, беа нејасни и во основа ги повторуваа соопштенијата на медиумите. Нашите надлежни институции, се разбира, побараа од партнерите да дадат конкретни IP-адреси, потписи од нападите и така натаму. Второто барање, кое содржеше дополнителна информација, дојде дури на почетокот на оваа година.  На него оперативно беше даден опширен одговор“, истакна заменик-секретарот н Советот за безбедност на РФ.

Храмов додаде дека пред обраќањето до РФ за објаснување, „извесни кругови“ во САД почнале со пропаганда.

„Според принципот на политичкиот инженеринг „600 пати кажи дека човеков не е во право и сите ќе поверуваат“. Очигледно, откако се понадеваа на тоа, тие специјално го одолговлекоа испраќањето на официјалното барање во Русија“, смета тој, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња