Трамп за назначувањето на специјален обвинител за „вмешаноста на Русија“

Трамп го коментираше назначувањето на специјален обвинител за „руската вмешаност во изборите во 2016 година“.

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека истрагата што ќе ја спроведува именуваниот специјален советник за „вмешаноста на Русија во изборите во САД во 2016 година“ ќе покаже дека меѓу неговата кампања и странската држава „немало договор“. Ова го соопштува „Ројтерс“ повикувајќи се на соопштението објавено од Белата куќа во средата.

„Како што во повеќе наврати изјавив, деталната истрага ќе го потврди на што веќе го знаеме – немаше никаков договор меѓу мојот штаб и кој било странски субјект“, се вели во обраќањето.

„Со нетрпение го очекувам затворањето на овој случај. Притоа никогаш нема да престанам да се борам за луѓето и прашањата кои имаат најголемо значење за иднината на нашата земја“, потенцираше Трамп.

Претходно во средата поранешниот чиновник во Министерството за правда на САД и поранешен директор на ФБИ Роберт Милер беше именуван за специјален советник за надзор над истрагата за обидите што ѝ се припишуваат на Русија за мешање во претседателските избори во 2016 година, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња