Руските медиуми соопштија дека загинал руски воен советник во Сирија

Руските медиуми соопштија дека загинал уште еден руски војник во Сирија.

Во Сирија на 3 мај загинал руски воен советник Евгениј Константинов од Биробиџан.  Ова во понеделникот го соопшти изданието „Градот на Бира“ повикувајќи се на Советот на одделението на организацијата на ветераните „Борбено братство“ за Еврејската автономна област.

„На 3 мај 2017 година, наоѓаjќи се на борбените позиции, во текот на  жестоки борби, капетан Евгениј Констатинов видел дека неговиот борбен другар воениот советник, мајор на руските вооружени сили, бил ранет и не можел да се ослободи од терористите кои го напаѓале. Побрзал да им помогне. Но сили не биле рамноправни. Евгениј добил шест рани од куршуми“, се вели во соопштението.

Константинов имал 32 години. На 7 мај бил погребан во Новосибирск. Министерството за одбрана на РФ сѐ уште не го призна официјално загинувањето на офицерот.

На 3 мај во Братск беше погребан војникот Богдан Деревицки, кој загинал во Сирија. Бил професионален војник. Имал 24 години.

Според официјалните податоци на Министерството за одбрана на Русија, во Сирија за време на конфликтот загинале 32 руски војници, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња