Војник стрела стрела од пушкомитралез во текот на воените вежби во селото Центорој, 80 км јужно од главниот град на Чеченија Грозни,
APИнтервенцијата на Русија во сирискиот конфликт изданието ја прогласува за целосно успешна, истакнувајќи дека за зајакнување на влијанието претседателот Владимир Путин „примени во Сирија невидено руско оружје: неколку единици од чеченски и ингушетски командоси родум од проблематичниот севернокавкаски регион“, пишува „Форин Полиси“.
До неодамна, присуството на руските копнени сили во Сирија во основа беше сведено на специјални сили, воени советници и артилерци, истакнува изданието.
„Но, континуираното распоредување на чеченската и ингушетската бригада само по себе означува стратешкото поместување за Кремљ: Русија сега има своја елитен копнен персонал, составен од сунитски муслимани. Ова му овозможува на Кремљ поактивно да влијае на настаните на теренот и да работи на долгорочни перспективи“, пишува авторот на статијата, притоа истакнувајќи дека присуството на чеченските специјалци ќе помогне по потреба дури и за запирање на непосакувани за Москва дејствија на „режимот на Асад“.
Живата сила на чеченските единици изданието ја проценува на 500, а на ингушетските – на 300 војници.
Претходно беше соопштено дека во Алепо е испратена единица на воената полиција, составена од етнички Чеченци и Ингуши. За работата на воената полиција во Алепо беше снимен и документарен филм, пренесува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче