Путин и Ердоган се договорија за укинување на сите трговски ограничувања со исклучок на доматите, за кои санкциите ќе останат уште некое време.
Шефот на руската држава потсети и на работата за изградба на новиот гасовод „Турски тек“: „Неговата реализација ќе овозможи суштински да се зацврсти енергетската безбедност на Турција и Европа и да се прошират можностите на Русија за извоз на гас“.
Во Сочи беше дискутирано и за изградбата на АЕЦ „Акују“ во Турција, чии инвестиции се проценуваат на 22 милијарди долари.
Страните исто така се договорија да го поедностават визниот режим за низа категории руски и турски граѓани, вклучително и за стручњаците и бизнисмените.
Важен напредок е постигнат и околу прашањето на сириското регулирање: Москва и Анкара се договорија за создавање „зони на деескалација“ во сириската провинција Идлиб.
На заедничката прес-конференција Путин и Ердоган со задоволство констатираа: обновата на руско-турските односи заврши и тие се вратени во нормала, пренесува ТАСС.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче