Патријархот Кирил верува во можноста за обединување на христијаните

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил верува во обединувањето на христијаните од различни цркви во иднина.

„Денеска сме сѐ уште поделени, затоа што богословските проблеми кои ни дојдоа од минатото, не ни даваат можност да се обединиме“, изјави патријархот во неделата во соборниот храм Христос Спасител, каде богослужеше пред моштите на Никола Чудотворец кои првпат во историјата беа донесени од Италија.

Како што истакна патријархот, обединувањето на христијаните може да се случи „не по нивните напори, по некакви црковно-дипломатски чекори, богословски спогодби, туку само ако Светиот Дух повторно ги обедини сите кои го проповедаат името Христово“.

„Веруваме дека свети Никола, кој ги слуша молитвите на христијаните од Исток и Запад, стои пред Господа, и меѓу другото, бара од него обединување на Црквите во една“, изјави тој, пренесува РИА „Новости“.

„Бог да ги чува и да им помага во минувањето на тешките историски патишта на христијаните на Истокот и Западот“, додаде патријархот.

Поделбата на Црквата на Римокатоличка црква на Запад со центар во Рим и на Православна на Исток со центар во Константинопол се случи во 1054 година. Расколот не е надминат до ден-денешен.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња