Медведев: Русија нема да ѝ го наметнува „Турски тек“ на ЕУ

Русија води преговори со Грција и Бугарија за пунктот на влез во Европа на „Турски тек“ и постои можност за приклучување на други земји, меѓутоа реализацијата на плановите на територијата на ЕУ зависи од одлуките на европските земји, изјави премиерот на Русија Дмитриј Медведев.

Медведев потсети дека веќе е во тек поставувањето на подводниот дел од цевководот чија должина изнесува малку помалку од илјада километри. Потоа ќе почнат работите на копнениот дел во должина од 200 километри преку територијата на Турција. Според Медведев, планирано е да се постават два крака на гасоводот од кои едниот е во целост ориентиран кон турскиот пазар, а вториот е наменет за снабдување на европските држави.

„И сега во рамките на преговорите кои се водат со низа европски земји, дефинираме каде најдобро да ја поставиме точката за влез во Европа. Има разни предлози. Преговори се водат со цела низа европски земји – тоа е и Грција, и Бугарија. И, се разбира, развојот може да биде малку поинаков“, изјави Медведев за новинарите, пренесува РИА „Новости“.

„Пред сѐ, при донесувањето на одлуките на оваа тема треба да бидат анализирани економските фактори, затоа што гасоводот, ние за тоа во повеќе наврати зборувавме, - тоа не е политички проект, тоа е чисто економски проект, а потоа, се разбира, на тоа ќе се приклучуваат и капацитетите на другите европски земји“, изјави шефот на руската влада.

„Притоа ние уште еднаш би сакале да потенцираме дека во после сѐ, реализацијата на овие планови на територијата на европскиот континент, на земјите на Европската унија, зависи од одлуките кои ќе бидат донесени од европските држави. Ние никому не сакаме да се наметнуваме. Ние поаѓаме од тоа дека ова е интересен заемнокорисен проект и за него треба да бидат донесени неопходни одлуки“, потенцираше Медведев.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња