Медведев ќе се сретне со Ердоган во Истанбул

Денеска е планирана средба на маргините на самитот на Црноморската економска соработка меѓу рускиот премиер Медведев и турскиот претседател Ердоган.

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган се очекува да разговараат за клучните билатерални прашања во односите Русија-Турција на средбата во Истанбул во понеделник на маргините на самитот на Црноморската економска соработка (ЦЕС), соопшти прес-службата на Владата на РФ, пренесува RT.

Медведев исто така ќе се сретне и со својот турски колега Бинали Јилдирим, како и со молдавскиот претседател Игор Додон, кој е меѓу претставниците на 12 земји кои го сочинуваат ЦЕС.

Медведев на чело на руската делегација ќе присуствува на откривањето на меморијална плоча во спомен на амбасадорот Андреј Карлов, кој беше убиен минатата година во терористички напад во Анкара.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња