Патријархот Московски и на цела Русија и папата Франциск се договориле во текот на историската средба во февруари минатата година во Хавана за пренесување на моштите на Свети Никола Чудотворец од италијанскиот град Бари во Русија (21 мај – 28 јули), соопшти претседателот на Синодското одделение за надворешни црковни работи митрополитот Волоколомски Иларион.
Свети Никола е еден од најпочитуваните светци не само меѓу католиците и православните, туку и во целиот христијански свет.
„Секоја година илјадници верници од Московската патријаршија заминуваат во Бари за да се поклонат пред моштите на светецот. Меѓутоа, за мнозинството верници во Русија тоа е тешко изводливо. Папата Франциск и патријархот Кирил се надеваат дека молитвата пред чудотворните мошти ќе придонесе за зајакнување на верата во срцата на луѓето“, нагласи митрополитот Иларион.
Како што изјави тој, моштите во Москва ќе се наоѓаат во храмот „Христос Спасител“, а во јули ќе бидат пренесени во Санкт Петербург, во еден од централните храмови, пренесуваат руските медиуми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче