Лавров: Нападот на САД врз провладините сили во Сирија е нелегитимен

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров соопшти дека не му е познато дали американската команда предупредила за нападот врз провладините сили во Сирија.

Министерот Лавров го даде коментарот по завршувањето на сесијата на комитетот на министри на Советот на Европа во Никозија.

„Засега сѐ уште ги прецизираме деталите, но, според некои соопштенија, неколку десетици цивили загинале како резултат на тој напад. Ќе повторам, сето тоа треба повторно да се провери“, изјави Лавров, пренесува RT.

Како што истакна министерот, американската команда се обидела да го оправда нападот со тоа што провладините сили претставувале закана за опозицијата која соработува со американската војска и со коалицијата предводена од САД.

„Каква и да била причината за одлуките кои командата на САД ги донесе за извршување на таков напад, тој е нелегитимен, тој е незаконски. Тоа е уште едно грубо прекршување на суверенитетот на САР“, потенцираше Лавров.

Според него, алармантно е тоа што почнува да станува нејасно поимањето на неопходноста за обединување на напорите на сите кои им се спротивставуваат на терористите.

Лавров исто така истакна дека постои стремеж на Вашингтон да ги сврти опозиционерите и некои екстремисти, меѓу нив и „Џабхат ан-Нусра“, против владата на Сирија по повиците за прекинување на контактите со сирискиот лидер Башар Асад.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња