МНР на Русија реагира на нападот на САД врз владините сили во Сирија

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Генадиј Гатилов изјави дека еден ден пред нападот на коалицијата предводена од САД врз сириската војска, исто така бил извршен напад врз цивили.

Според Гатилов, таквите дејствија се неприфатливи и не придонесуваат за регулирањето.

„Буквално еден ден претходно беше извршен напад во кој загина голем број цивилно население во Сирија, што исто така е неприфатливо и, се разбира, не придонесува за создавање поволна политичка ситуација“, изјави Гатилов, пренесува RT.

Претходно коалицијата предводена од САД потврди дека извршила напад врз колона на провладини сили во Сирија. Од штабот на коалицијата и Пентагон ги објаснија наведените дејствија како „самоодбрана“ и со фактот дека на подрачјето на градот Ат-Танф се распоредени сили на „проверени партнери“ кои учествуваат во борбата против „Исламската држава“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња