„Известија“: 78% од руските граѓани се сметаат себеси за среќни

10% од руските граѓани се сметаат себеси за несреќни.

Иако граѓаните на Русија мораа да го затегнат ременот поради кризата, бројот на граѓани кои се сметаат себеси за среќни и понатаму е виск и изнесува 78%.

Во 2016 година се смени социјално-демографскиот портрет на рускиот граѓанин кој почна да штеди. Додека традиционално на тековни трошоци и планирано купување штедат луѓето со ниски примања (до 20 илјади рубли, што е околу 310 евра) и жителите на малите градови, сега тие престанаа да штедат. Почнаа да штедат поради намалување на тековните трошоци жителите на големите градови и регионални центри со просечни примања (од 20 до 50 илјади рубли, што е околу 775 евра).

„Тие практично немаат заштеда или таа изнесува само две-три месечни примања. Од планираните купувања се откажуваат луѓето со високо ниво на заштеди и приходи“, се наведува во презентацијата на истражувањето на Руската академија за народно стопанство и државна управа „Евробарометар”, пишува „Известија“.

Исто како и порано, не штедат луѓето со највисоки примања (над 50 илјади рубли).

Бројот на луѓе кои се сметаат себеси за среќни во 2016 година во споредба со 2015 година е намален за 8 процентни единици, но и понатаму е висок и изнесува 78%. За несреќни се сметаат себеси 10% од руските граѓани.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња