Захарова: Медиумите во САД стануваат фактори во политичката борба

Портпаролот на МНР на РФ Марија Захарова потенцираше дека тоа нанесува голема штета и на соработката, и на довербата на луѓето во традиционалните медиуми.

Медиумите во САД се претвораат во фактори во политичката борба. Ова го изјави во Мадрид портпаролот на МНР на Русија Марија Захарова.

„Одржавме консултации со мојот шпански колега, шефот на информативниот оддел на МНР, дискутиравме и за практични прашања, за соработката на прес-службите на МНР меѓу двете држави и пристапите кон низа меѓународни прашања во информациски контекст, особено внимание посветивме и на борбата против ширењето неверодостојни информации“, изјави Захарова.

„Помисливме како би било можно да се спротивставиме на ова зло на XXI век, го разменивме нашето искуство во врска со формирањето на соодветниот оддел на сајтот на МНР“, истакна Захарова. „И шпанските колеги страдаат од неверодостојни информации“.

„Се согласивме дека тоа нанесува голема штета и на соработката, и на довербата на луѓето во традиционалните медиуми. Треба да се изработуваат механизми кои не би допуштале ширење на лажни информации“. Захарова потенцираше дека „во основа проблемот се состои во тоа што многу ги цитираат американските медиуми“. „За жал, американскиот мејнстрим формира мислење во информативниот простор на европските медиуми“, смета таа.

Според неа, „музиката ја нарачуваат токму американските медиуми“, кои „внесуваат хаос во светскиот информациски простор, што и се нарекува ширење на дезинформации“. „Овој феномен, кој настана последниве години, имено – и покрај воспоставените традиции, кога медиумите со години го акумулираа својот авторитет по пат на проверка на фактите, сега доминира апсолутно поинаков пристап – користење на свесно лажни информации за формирање на определен пристрасен пристап или негова потврда“, додаде Захарова. „Западните медиуми, напред стојат американските, го дозволија она што медиумите никогаш не треба да го дозволат, затоа што од тој момент тие престануваат да бидат медиуми и стануваат инструмент. Тие си дозволија да се искористат себеси во политичката борба“.

„Во САД никој не го крие тоа: медиумите се делат на кланови, им се потчинуваат на политичките и финансиските кланови, им служат на нивните интереси“, смета Захарова.

Според неа, „медиумите во САД самите стануваат фактори во политичката борба“. „Последните приказни кои се создадоа околу руско-американските контакти се толку апсурдни, што уште пред неколку години беше тешко да се замисли, а денес тоа е реалноста. Дури е невозможно и да се коментира, затоа што ако коментирате апсурд, самите се спуштате на ниво на апсурд, а ако не коментирате, тоа значи дека им давате зелено светло на наведените лажни вести“, заклучи Захарова, пренесува ТАСС.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња