Белата куќа: Трамп нема врска со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп нема ништо против да се спроведе истрага за неговите наводни врски со Русија.

Официјалниот претставник на Белата куќа Шон Спајсер изјави дека Доналд Трамп нема ништо против во врска со истрага за неговите врски со Русија. За време на брифингот претставникот изјави дека претседателот на САД нема никаква работа со Москва, се вели во стенограмот од настанот.

Новото обвинување на адреса на Трамп се слушна од републиканскиот сенатор Линдзи Грем, кој во вторникот на 9 мај изјави дека е потребно да се спроведе истрага за наводните бизнис-односи на 45 прв човек на САД со Москва.

„Претседателот е запознаен со денешниот предлог на сенаторот Грем. Тој нема ништо против, со оглед на фактот дека тој нема бизниси во Русија, нема врски со Русија, така што ја поздравува истрагата“, додава Спајсер.

Доналд Трамп уште пред неговата победа беше обвинуван за наводна поврзаност со Русија, а тој тренд продолжува до денес. Русија, од своја страна, ги отфрла ваквите обвинувања.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња