Медиум: Американските маринци измрзнаа на маневрите до руската граница

Во маневрите на границата со Русија учествуваа околу 200 припадници на морнаричката пешадија на САД.

Опремата на американските војници не положи на проверката под арктички услови на мартовските маневри „Заеднички викинг 2017“ (Joint Viking 2017) во Норвешка.

Како што пишува „Дифенс Њуз“, во маневрите на границата со Русија учествувале околу 200 американски маринци.

„Во својата огромна облека тие изгледаа како маскоти на компанијата „Мишлен“. Мислеа дека ќе им биде топло, но им беше ужасно студено“, изјави претставник на шведскиот производител на зимска воена облека „Торака“ (Torraka) Јонас Рајдем.

Тој истакна дека произведувачите на зимската облека за американските војници не го зеле предвид фактот дека на многу ниска температура влагата која испарува од површината на телото може да замрзнува во слоевите на облеката, пренесува RT

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња