Лавров ја опиша работата на американските медиуми со советски виц

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ги коментираше соопштенијата на американските медиуми за наводните тајни информации кои тој ги добил од претседателот на САД Доналд Трамп.

Видеото со говорот на Лавров го објави RT во четвртокот, 18 мај.

По тој повод шефот на МНР потсети на една советска шега. „Порано во Советскиот Сојуз се шегуваа дека има весник „Правда“ („Вистина“) во кој нема вести, и има весник „Известија“ („Вести“), во кој нема вистина“, изјави Лавров во текот на прес-конференцијата по завршувањето на преговорите со шефот на МНР на Кипар Јоанис Касулидис. Тој истакна дека, според неговото мислење, печатот во САД работи токму според тој клуч.

Истовремено, портпаролот на МНР на Русија Марија Захарова ја нарече лага информацијата која се појави во американските медиуми дека за време на администрацијата на поранешниот претседател на САД Барак Обама „Русите буквално молеа да се организира аудиенција за министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во Белата куќа“.

Според неа, 90 проценти од средбите на Лавров со државниот секретар на САД Џон Кери се одржале по иницијатива на американската страна, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња