Ова го соопшти американското издание „Вашингтон Пост“ (The Washington Post) во вторникот (16 мај), цитирајќи анонимни извори. Од Белата куќа ја негираат оваа информација.
Трамп му „открил на рускиот амбасадор повеќе информации отколку што сме споделиле со нашите сојузници“, пишува весникот, повикувајќи се на американски службеник запознаен со ситуацијата. Не е јасно од кого Трамп ги добил предметните информации, посочува РИА „Новости“. Познато е дека САД имаат блиски контакти во областа на разузнавањето со Велика Британија, Израел, Австралија и многу други држави. Вашингтон разменува разузнавачки податоци и со Европската Унија.
По средбата меѓу Трамп и Лавров вработени на Белата куќа се обратиле во ЦИА и во Агенцијата за национална безбедност на САД, за да ги ограничат можните штети од истекот на информациите, додава весникот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче