„Ал Ватан“: Муслиманските баталјони во Сирија се новото оружје на Москва

Москва планира да испрати во Сирија околу 60 илјади свои војници-муслимани.

Добро упатени извори велат дека Русија подготвила околу 60 илјади војници, претежно муслимани-сунити од северните кавкаски републики кои ќе се борат против терористите во Сирија. Првиот дел од овие сили е веќе во Алепо, а на истокот на долината Вадиа Барад покрај Палмира е формиран муслимански баталјон под назив ТУРАН, пишува сириското издание „Ал Ватан“.

Истовремено во Сирија се зголемува бројот на приватни воени компании кои ги слушаат командите на Кремљ, продолжува изданието. Но најважен е фактот дека Путин праќа големи единици од Чеченија и Ингушетија за да се ослободи од иранската војска.

Елитните копнени единици на руски муслимани-сунити се стратешки чекор на Москва, пишува изданието.

Точниот број на руски војници-муслимани кои ќе се борат во Сирија сѐ уште не е утврден. Во декември минатиот месец беше соопштено за 500 војници од Чеченија и 300 од Ингушетија.

Се истакнува и дека руските муслимански воени сили се појавуваат само во регионите кои Москва ги смета за најважни за постигнување на своите цели во Сирија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња