Државниот секретар на САД Рекс Тилерсен во програма на телевизискиот канал NBC изјави дека САД немаат намера да ги започнуваат односите со Русија со нова страница, пренесува Лента.ru.
Според Тилерсон терминот „рестартирање“ се користи многу често. „Важно е да се сфати дека ние не се обидуваме да почнеме нова страница - истакна државниот секретар. - рестартирањето е невозможно. Не може едноставно да се избрише минатото. Започнуваме од местото на кое се наоѓаме во моментов“.
Тилерсон изјави дека односите со Русија се на „најниско ниво од крајот на Студената војна“, а меѓу земјите постои ниско ниво на доверба. Тој истакна дека ситуацијата е „брза“ за целиот свет и додаде дека ваквата ситуација ќе влијае на Американците и на интересите на САД.
На 10 мај се одржа средба меѓу министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и американскиот претседател Доналд Трамп. Белата куќа тогаш изјави дека шефот на државата има намера да ги подобри односите со Москва. Лавров од своја страна ги нарече соработниците во администрацијата на Трамп „луѓе од акција“.
Ден претходно руското Министерство за надворешни работи
соопшти дека за нормализација на руско-американските односи треба да се отстранат куп проблеми создадени од претходната администрација на претседателот Барак Обама.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.