МНР на РФ ги објави условите за нормализација на односите со САД

МНР на Русија ги објави условите според кои е можно да се дојде до нормализација на односите со Соединетите Американски држави кои постојано ескалираат.

Заменик-министерот на Министерството за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков за време на средбата со заменикот државен секретар на САД Томас Шенон изјави дека за нормализација на односите помеѓу двете земји е потребно да се отстранат нештата кои предизвикаа ескалација, а кои беа создадени за време на претседателствувањето на Барак Обама, пренесува РИА Новости. 

„Од руска страна беше подвлечено дека за нормализација (на односите) потребно е да се отстранат цела низа сериозно надразнувачи, кои беа создадени за време на претходната администрација на Барак Обама, која во нарушувањето на меѓунEdit Incutародното право дури тргна и кон фактичка експропријација на објектите на дипломатските претставништва на Русија во САД, кои претставуваат државна сопственост и кои имаат имунитет“, соопштуваат од руското МНР.

Претходно Сергеј Рјабков во врска со резултатите од средбата со американскиот колега Томас Шенон изјави дека Русија и САД ја интензивираат работата поврзана со подобрување на условите на работата на дипломатските претставници во двете земји.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња