Порошенко откри детали околу последниот телефонски разговор со Путин

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека во телефонски разговор со претседателот на РФ Владимир Путин го дискутирале прашањето за ослободувањето на украинскиот државјанин Роман Сушченко обвинет од Русија за шпионажа, пренесува РИА Новости.

„Последниот мој разговор со Путин се однесуваше на заложникот. Конкретно ние го дискутиравме моето барање за итно ослободување на Сушченко од рускиот затвор. Како резултат на овие преговори беше организирана средба во затворот меѓу Роман и неговото семејство“, рече Порошенко на прес-конференција во неделата, иако не прецизираше кога бил одржан разговорот.

На крајот на април весник „Комерсант“ пишуваше дека претседателите на Русија и Украина продолжуваат да комуницираат по телефон, а последниот разговор се одржал по иницијатива на украинската страна во првата половина на април и бил посветен на ситуацијата во Донбас. Сепак, според извор на весникот близок до опкружувањето на Порошенко, Киев не го признава јавно разговорот меѓу претседателите.

Украинската национална агенција „Укринформ“ претходно извести дека од 2002 година наваму Сушченко е дописник. „Укринформ“ ги негираа обвинувањата за шпионажа, и истакнаа дека новинарот е на одмор и е во Москва од лични причини.

На крајот на 2016 година руската Федерална служба за безбедност соопшти дека го уапсила соработникот на главната разузнавачка агенција на украинското Министерство за одбрана Роман Сушченко кој, според податоците на тајни служби, собирал тајни податоци за активностите на вооружените сили и за националната гарда на Русија. Адвокатот на Украинецот Марк Фејгин изјави дека неговиот клиент не ја признава својата вина.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња