Русија ја зголеми борбената готовност

Руските системи за противвоздушна одбрана во Далечниот Исток повторно се во состојба на зголемена борбена готовност откако Северна Кореја изврши нова ракетна проба во неделата

Ова го изјави за РИА Новости шефот на Комитетот за одбрана и безбедност на Советот на Федерацијата Виктор Озеров.

Во 5часот 28 минути по локално време Северна Кореја изврши ново ракетно лансирање од северозападното крајбрежје на округот Кусон, провинција Пјонгјанг-Пукто. Ракетата пролетта 800 километри за околу 30 минути, по што падна во Јапонското Море - на околу 400 километри источно од Корејскиот Полуостров, надвор од економската зона на Јапонија.

„Сѐ е јасно, територијата на Русија не е објект на напади, ниту место на ударот. Но, за да се заштитиме од евентуални инциденти, ги држиме нашите системи за ПВО на Далечниот Исток во состојба на зголемена борбена готовност“, изјави Озеров.

Од јапонското Министерство за одбрана, врз основа на достапните податоци, искажаа претпоставка дека ракетата може да припаѓа на нов тип оружје. „Висината на летот надмина 2 илјади километри. Постои веројатност тоа да се нов тип ракети“, изјави министерот за одбрана Томоми Инада, соопшти ТАСС.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп снимките ги нарече провокација, на која меѓународната заедница треба да одговори со нагло заострување на санкциите против Пјонгјанг.

Ситуацијата на Корејскиот полуостров се влоши во почетокот на минатата година, кога Северна Кореја изврши нуклеарна проба, а подоцна лансираше балистичка ракета со вештачки сателит на Земјата. Во септември 2016 година Северна Кореја направи уште една нуклеарна проба, а во текот на годината изврши над 20 ракетни лансирања. Редовните ракетни тестирања продолжија и оваа година, при што во март и во април Севернокорејците направија неколку неуспешни обиди за лансирање на балистички проектили.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.