Fox: Трамп ги советува Русија и Украина да се помират

Американскиот претседател Доналд Трамп по средбите со министрите за надворешни работи на Русија и Украина Сергеј Лавров и Павло Климкин ги посоветува Москва и Киев да ги нормализираат односите.

Ова лидерот на Белата куќа го изјави во интервју за "Фокс њус" (Fox News) во петокот (12 мај), соопшти ТАСС.

Трамп истакна дека медиумите не ја одразуваат неговата работа на претседателската функција објективно и ги пропуштаат клучните точки. „Јас сум многу активен претседател, се занимавам со Кина, Јапонија, Северна Кореја. Сум работел со сите овие прашања“, рече тој.

„Пред некој ден министерот за надворешни работи на Русија ми дојде на посета, а веднаш потоа дојде министерот за надворешни работи на Украина, тие (медиумите - заб. ред.) не соопштија за тоа - рече американскиот лидер. - Јас реков: „Дечки, вие треба да се помирите, на вас ви е потребен мир“.


Претседателот на САД изјави дека американските медиуми  обратиле огромно внимание на посетата на Лавров, а молчат за таа на Климкин. „Тие зборуваат само и единствено за руската страна“, рече Трамп.

Лавров направи тридневна работна посета на САД (9-11 мај), во средата (10 мај) одржа преговори со државниот секретар Рекс Тилерсон и претседателот Доналд Трамп. Во истиот ден тој се состана и со потпретседателот Мајкл Пенс, по што се одржа краток разговор помеѓу украинскиот министер и Трамп.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња