Новиот беспилотен хеликоптер ЈУРИК ќе биде претставен во Москва

Руските програмери ќе го претстават новиот беспилотен хеликоптер ЈУРИК за време на изложбата на хеликоптери HeliRusiia 2017 кон крајот на мај во Москва. Ова го соопшти Организацискиот комитет на саемот, пренесе ТАСС

„Новиот уред го доби името на проектот БАС ЈУРИК што е кратенка од „беспилотни автоматски систем за регулирање на прелиминарни активности“. На HeliRussia 2017 ќе биде премиерата на новата разработка, а прототипот на уредот може да биде прикажан уште ова лето. Сериското производство на машината е предвидено за 2018 година“, изјавија организаторите.

Системот е мултифункционален, бидејќи се одликува со необична аеродинамична конфигурација и алгоритам на летот. „Во прилог на вообичаените беспилотни машини, ЈУРИК е способен да изврши принудни воздушни медицински евакуации на настрадани во рамките на неколку километри од местото на несреќата“.

Летачката машина тежи околу 110 килограми, може да понесе 120 килограми товар, а опсегот на летот му е 200 километри. Системот има потенцијал за исполнување на автономни мисии дури и во отсуство на GPS и ГЛОНАСС сигнали користејќи сопствен систем за геопозиционирање.

ЈУРИК е заедничка разработка на „Електроавтоматика“ и НВО „Воздухопловно-вселенски технологии“. На изложбата HeliRusiia 2017 исто така ќе биде претставен проектот на „Бегалет“ кој е хибриден електромобил и лесен авион со меки крилја.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња