Косачов: Порошенко навистина си го загубил умот

Очекувањата на претседателот на Украина Петро Порошенко дека по воведувањето на безвизен режим со Европската унија (ЕУ) граѓаните на Донбас и Крим ќе сакаат да си ги вратат украинските пасоши, зборува за отсуство на совест и здрав разум.

Тоа го напиша претседателот на комисијата за меѓународни односи на Советот на федерацијата Константин Косачов во својот профил на Фејсбук, пренесе Лента.ru во петокот (12 мај).

„Безвизниот режим со Европската унија, како што изгледа, конечно ги укина остатоците од совеста и разумот на Петро Порошенко. Што се однесува до луѓето од југоисточниот дел на Украина, според Порошенко, можноста да патуваат до ЕУ со украински пасоши, при тоа само и исклучиво со туристичка цел, е од витално значење за зачувување на историските, социјалните, културните, економските и политичките врски со Русија“, пишува сенаторот.

Тој го советува Порошенко да не суди по себе.

На 11 мај Европскиот совет ја одобри одлуката за доделување безвизен режим за украинските граѓани. Потпишувањето на документот од Европскиот парламент и Советот на претседателите е закажано за 17 мај. Потоа тој ќе биде објавен во Службениот весник на ЕУ и ќе почне да тече 20-дневниот рок за неговото влегување во сила.

Украинскиот претседател, коментирајќи ја одлуката на ЕУ, изјави дека неговата земја, откако доби безвизен режим, конечно „ќе се разведе со Руската империја“. Порошенко исто така, рече дека новиот граничен режим создава услови за враќање на жителите на југоисточниот дел на Украина и на Крим.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња