Во Украина радикали ја нападнаа канцеларија на ветераните од Авганистан

Украински радикали од т.н. волонтерски националистички баталјон „Азов“ упаднаа во канцеларија на Здружението на ветерани од Авганистан во Николаев, Јужна Украина, и нападнаа војници во пензија кои се наоѓале таму во средата (10 мај).

Ова го соопшти локалното интернет издание „Новости-N“, а пренесува агенцијата ТАСС.

Според нивните и нформации „во канцеларијата упаднале непознати во маски и ги уништиле знамињата кои се наоѓаат во холот“. „Напаѓачите биле околу 30 лица, меѓу кои и членови на „Националниот корпус“ (поранешниот „Азов“)“. Во канцеларијата во тоа време се наоѓале 7 лица, меѓу кои и шефот на Здружението Јуриј Соловјов, кои биле претепани, соопшти весникот.

„Го удрија Соловјов по главата со метална прачка, потоа му направија фрактура на палецот на левата рака и бројни модринки. Покрај него беа претепани уште три лица. Буквално по една минута напаѓачите избегаа од канцеларија“, велат сведоците на инцидентот. Јуриј Соловјов е однесен во болница со брза помош.

Радикалите не кријат дека нападот на „авганистанската“  канцеларија е одмазда за инцидентот за време на прославите на Денот на Победата. Националистите, под црвено-црно знаме УПА, се обидоа да ја нападнат празничната колона од војници-интернационалисти на 9 мај, но беа избркани од Авганистанците, а неколку радикали беа полесно повредени.

Во моментов на местото на инцидентот се наоѓаат полициски службеници. Според податоците на очевидци, напаѓачите не се кријат, но полицијата не прави никакви обиди да ги приведе.

Заменик-началникот на Централниот полициски оддел Александар Пак изјави пред новинарите дека на местото се прави проверка и се вршат активности за истрагата. Претставниците на полицијата сè уште не го коментираат инцидентот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња