„За Украина државниот секретар Тилерсон ја истакна потребата од постигнување на напредок во исполнувањето на Минските договори. Санкциите против Русија остануваат во сила, додека Москва не ги промени активностите кои доведоа до нив“, соопшти Науерт.
Стејт департментот истакна дека „САД и Русија се договорија да ги продолжат разговорите за решавање на билатералните прашања кои предизвикуваат загриженост, вклучувајќи и ја стратешката стабилност“.
За меѓународните проблеми претставниците на двете страни се согласуваат дека заедно треба да се занимаваат со нивното решавање.
„Разговаравме пред сè за нашата соработка на меѓународната сцена. Потврдивме дека, и покрај сите компликации нашите земји можат и се должни заедно да помогнат за решавањето на клучните проблеми кои стојат на меѓународната агенда“, рече Лавров по средбата.
Лавров и Тилерсон исто така, разговараа за деескалацијата, за хуманитарната ситуација и политичкото решавање на сирискиот конфликт. „Државниот секретар и министерот за надворешни работи разговараа за важноста на уништувањето на ИДИЛ, деескалацијата на насилството во Сирија и тоа како хуманитарната помош да биде достапна до стотиците илјадници граѓани низ целата земја. Освен тоа, државниот секретар и министерот за надворешни работи ја потврдија поддршката на Женевскиот процес под раководство на ОН, кој игра централна улога во меѓународните напори за постигнување на постојано решавање на конфликтот“, изјави американскиот претставник Науерт.
По разговорите со Тилерсон, рускиот министер за надворешни работи се состана со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, со кого разговараа за главните конфликти во Сирија и Украина, заедничката работа во борбата против тероризмот, како и билатералните односи помеѓу САД и Русија. Беше потврдено дека првата средба меѓу државните лидери ќе биде онаа на Г-20 во јули.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче