Киев го условува обновувањето на авионските врски си враќање на Кубањ

Министерот за инфраструктура на Украина Владимир Омељан го условува обновувањето на авионските врски со Русија со враќање на Крим, на истокот од Украина, а исто така и на Кубањ на Киев.

Авионските врски помеѓу Украина и Русија можат да бидат обновени само доколку руската страна му ги врати на Киев Крим, истокот од Украина, а исто така и Кубањ и останатите „окупирани“ украински територии од страна на Русија. Ова го изјави министерот за инфраструктура на Украина Владимир Омељан во интервју за „РБК-Украина“.

„Ќе ги обновиме авионските врски со Русија само по враќањето на Крим, на истокот од Украина, и, се надевам, на Кубањ“, изјави првиот човек на ресорното министерство, подвлекувајќи дека Киев исто така очекува враќање и на „други украински територии кои своевремено биле окупирани од страна на Русија“.



Забраната за директни авионски врски помеѓу Украина и Русија беше воведена есента 2015 година. Тогаш Киев воведе санкции за најголемите руски авионски компании. Во списокот влегоа компании како што се „Аерофлот“, „Трансаеро“, „Јакутија“ и авиокомпанијата на групата ѕ7. Сите тие со чартер или со постојани линии летаа во Крим.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња