Ељченко: Русија го дестабилизира постоветскиот простор

Постојаниот претставник на Украина во ОН Владимир Ељченко изјави дека Русија има создадено „појас на нестабилност“ во постсоветските држави.

Ељченко „објасни“ дека на овој начин Москва сака да ги задржи соседните земји во својата орбита.

„Русија успешно создава 'контролирана нестабилност' во многу земји кои се граничат со неа, со цел да ги задржи во својата орбита и, како и во случајот со Украина, да спречи интеграција со ЕУ“, вели Ељченко.

Како успешен пример на борбата со руското влијание во поранешните држави од советскиот блок, постојаниот претставник на Украина го посочи примерот на Југославија.

„Напорите на ЕУ ја докажаа својата ефикасност во поранешна Југославија, каде и покрај огромните страдања, големите жртви и страшните злосторства, сите конфликти се главно решени“, додаде тој на заседанието на СБ посветено на соработката со Европската Унија.

Како причина за „успешното решавање на конфликтите“ во Југославија Ељченко ја посочи интервенцијата на некои држави членки на ЕУ.

„Кога станува збор за поранешна Југославија, успех е постигнат благодарение на решителниот став на меѓународната заедница и на координираните напори од страна на ОН и на ЕУ“, заклучува тој, а пренесува РТ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.