Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон во Москва. 12 април 2017, Русија.
Flickr / МНР на РусијаШефот на руската дипломатија Сергеј Лавров согласно претходно постигнатиот договор ќе престојува во работна посета на САД од 9-11 мај, соопштува МНР на РФ, пренесува „Интерфакс“.
„За 10 мај се планирани преговори во Вашингтон со Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон, во текот на кои се предвидува размена на мислења за клучните меѓународни проблеми и актуелните прашања на билатералните односи. Потоа Сергеј Лавров ќе земе учество во министерското заседание на Арктичкиот совет во Фербенкс“, се вели во соопштението на сајтот на министерството.
Стејт департментот на САД исто така соопшти за средбата на Тилерсон и Лавров во Вашингтон. „Државниот секретар Тилерсон ќе се сретне со министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров во Вашингтон во среда, 10 мај, за да дискутираат за Украина, Сирија и билатералните прашања“, се вели во соопштението на американскиот дипломатски ресор.
Како што се истакнува, шефовите на дипломатиите на двете земји „ќе ја разгледаат неопходноста од прекин на насилството на истокот на Украина и регулирањето на конфликтот по пат на целосна реализација на „Минската спогодба“.
„За Сирија државниот секретар има намера да дискутира за напорите за деескалација на насилството, обезбедување хуманитарен пристап за сирискиот народ, како и предусловите за политичко регулирање на конфликтот“, се вели во изјавата на Стејт департментот на САД.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче