Лице во асфалтот, лисици - како казнуваат во Украина на 9 мај

ТАСС

ТАСС

Зорјан Шкирјак, советник на МВР на Украина, се закани дека ќе бидат уапсени сите граѓани кои на 9 мај ќе носат Георгиевски ленти.

Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина Зорјан Шкирјак вети дека соработниците на органите на прогонот „ќе реагираат сурово“ на користењето на Георгиевските ленти на 9 мај, објави РТ во понеделникот (8 мај).

Шкирјак рече дека полицијата „ќе реагира жестоко на активностите на провокатори кои користат забранети комунистички и нацистички симболи или т.н. Георгиевски ленти“, цитира телевизија „Еспресо“.

Според него, ако „прекршителите“ одбиваат да ги отстранат „провокативните антидржавни симболи“, ќе бидат уапсени.

„Ако, не дај Боже, се појави некој провокатор и во неговите раце има нешто, на пример оружје, ние, се разбира, ќе дејствуваме во согласност со инструкциите. Има прекршување на законот, нема соодветна реакција на барањата на полициските службеници - лице во асфалтот, лисици и зад решетки“, појасни Шкирјак.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња