Претседателот на Русија Владимир Путин.
Kremlin.ru„Граѓаните на Франција Ви доверија да бидете на чело на земјата во тежок за Европа и за целата меѓународна заедница период. (...) Во такви услови особено важно е да се надмине заемната недоверба и да се обединат напорите за обезбедување на меѓународната стабилност и безбедност“, се вели во честитката на претседателот на Русија до Макрон, чиј текст е објавен на сајтот на Кремљ.
Путин исто така му посака на новоизбраниот претседател на Франција добро здравје, просперитет и успеси во толку одговорната работа на чело на државата.
По пребројувањето на 100% од гласачките ливчиња во вториот круг од изборите за претседател на Франција победи лидерот на движењето „Напред“ Емануел Макрон.
Лидерот на партијата „Национален фронт“ Марин Ле Пен, од своја страна, ја призна победата на Макрон, ветувајќи дека ќе ја продолжи борбата во јуни, кога во Франција ќе се одржат парламентарните избори, пренесува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче