Киев не им дозволи на руските дипломати да положат цвеќе

Руските дипломати во Киев не успеаја да положат цвеќе на споменикот на Непознатиот Војник во украинската престолнина на 9 мај - Денот на победата

Руските дипломати во Киев не успеаја да положат цвеќе на споменикот на Непознатиот Војник во украинската престолнина во вторникот (9-ти мај), соопштува РТ, повикувајќи се на информации на „Комерсант“.

Според изданието, кога вработените од амбасадата на Русија се обиделе да постават цвеќе на споменикот на Денот на победата, непознати лица им го попречи патот кон споменикот и дури по преговорите не ги пуштиле да поминат.

Наместо тоа дипломатите положиле цвеќе на споменикот на генерал Николај Ватунин, раководел на операцијата за ослободување на Киев.

Низ цела Русија и надвор нејзините граници на 9 мај беа спроведени свечени настани по повод 72-годишнината од Победата во Големата татковинска војна. Во голем број градови беа организирани паради, концерти и други празнични акции, во кои учествуваа десетици илјади лица.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња