Амбасадорот на РФ им се заблагодари на ветераните во Ерменија

ТАСС
Ветераните од Втората светска војна денес вршат важна мисија, носејќи им ја на потомците вистината за овие години, рече во понеделникот (8 мај) вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Ерменија Иван Волинкин за време на свечениот прием за Денот на победата, соопшти РИА Новости.

„Драги ветерани, денес вие исполнувате важна мисија – му ја носите на потомството вистината за тоа на работ на каква провалија се наоѓаше тогаш светската цивилизација. Невидените искушенија кои го снајдоа народот на Советскиот Сојуз, ја открија величината на човечкиот дух, покажаа бројни примери за херојство, личен подвиг и вистински патриотизам. Неопходно е тоа да им се раскажува на нашите млади луѓе“, рече дипломатот.

Тој потсети дека на 9 мај на централните улици на Ереван по втор пат ќе се одржи маршот „Бесмртниот полк“. "Длабок поклон и вечна благодарност кон светата генерација ветерани за животниот пат херојски поплочен пред нас, нашите деца и внуци“, додаде Волинкин. Според него денес сè помалку се оние на кои им ја должиме среќата да живееме на оваа земја.



„Но, ние продолжуваме да ги исполнуваме срцата со неизмерната благодарност која како штафета ја предаваме на други генерации, за да се сеќаваат на мајките кои не ги дочекаа децата од војната, на оние од фронтот, благодарение на кои се зачукуваше победата и верата во скорото ослободување од фашизмот. За да не дозволат некој да ги осквернува спомениците и симболите на победата и непокорливата волја на советскиот војник“, истакна амбасадорот.

„Ерменците, како и Русите, Белорусите, Украинците, Казаците, Туркмените, Татарите и другите народи од нашата голема заедница од тогашната наша татковина од првите денови се бореа на фронтот и достојно го извршуваа својот свештен долг да ја заштитуваат својата татковина“, заврши рускиот дипломат .

На приемот присуствуваа сопругата на ерменскиот претседател Рита Саргсјан, министерот за надворешни работи, Едвард Налбандијан, членови на владата, пратеници, високи функционери од ерменската армија и странски дипломати.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња