Путин им го честита Денот на Победата на голем број лидери

Околу 10 илјади војници учествуваат во подготовките за Парадата на Победата.

Околу 10 илјади војници учествуваат во подготовките за Парадата на Победата.

mil.ru
Путин исто така им го честита празникот на сите ветерани од војната и трудбеници во позадината, посакувајќи им здравје, благосостојба и долг живот.

Претседателот на Русија Владимир Путин им ја честиташе на лидерите на повеќе земји 72-годишнината од Победата во Големата Татковинска војна, се вели на сајтот на Кремљ.

„Претседателот на Русија им ја честиташе на лидерите на Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргизија, Молдавија, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Абхазија, Јужна Осетија, како и на граѓаните на Грузија и Украина 72-годишнината од Победата во Големата Татковинска војна“, се вели во честитката.

Рускиот лидер потенцира дека најдобро оддавање почит на борците-ослободители претставува заедничката борба против секој обид на извртување на историјата и оправдување на злосторничките дејанија на фашизмот и нацизмот.

Путин исто така им го честита празникот на сите ветерани од војната и трудбеници во позадината, посакувајќи им здравје, благосостојба и долг живот, пренесува „Газета.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња