„Јас, како никој друг, сум способен да го натерам Путин да ме почитува, затоа што немам никаков долг спрема Русија за оваа кампања“, ги наведува зборовите на Макрон RT повикувајќи се на француски „Капитал“.
„Јас (на Путин) исто така ќе му кажам дека ќе се стремам кон заштита на нашите принципи, без непријателство, но и без отстапки“, додава францускиот политичар.
Макрон вети дека ќе му изјави на Путин „јасно и одлучно“ за својата желба да води „остар дијалог“ за решавање на украинската и сириската криза.
Притоа Макрон ветува дека ќе ги укине антируските санкции ако Русија ги „исполнува своите обврски“.
На крајот на март во текот на предизборните дебати Макрон изјави дека Франција не треба да ги продлабочува контактите со Русија, меѓутоа на почетокот на април соопшти дека има намера да води дијалог со Русија, пишува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче