Емануел Макрон на излегување од Елисејската палата по состанок на владата. 15 октомври 2014, Париз, Франција.
EPAМногумина лидери и политичари од западните земји веќе успеаја да му ја честитаат на Емануел Макрон победата на изборите за претседател на Франција. Меѓу оние кои се израдуваа на неговата победа се претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јуннкер, политичарите од Германија, шефовите на Австрија, Италија, Шпанија, Велика Британија, Грција, па дури и на Украина, пренесува RT повикувајќи се на Le Nouvel Observateur.
Впрочем, како што смета изданието, во тој „концерт од честитки“ имаше и една „фалш нота“ – од страна на Русија. Така, шефот на комисијата на Советот на Федерацијата за информациона политика Алексеј Пушков изрази мислење дека „разочарувањето ќе настапи исклучително брзо“, затоа што Емануел Макрон ќе треба да раководи со „поделена, налутена земја“.
Рускиот сенатор навистина објави на својот профили на „Твитер“ низа критики по завршувањето на претседателските избори во Франција.
„Првпат француските избори станаа референдум за односот спрема ЕУ. Приврзаниците на ЕУ победија. Но повеќе одена третина Французи се против. Такво нешто во Франција сѐ уште немало“, напиша Пушков.
„Во екстаза од победата на Макрон: Клинтон, Обама, Меркел, Порошенко, Џонсон. Список може и да не го продолжиме – сѐ е јасно. Кажи ми, кој ти е пријател...“, смета рускиот сенатор.
„На изборите во Франција во секој случај победи жена. Таа жена е А. Меркел. Сега ѝ останува да се одржи на врвот на изборите во својата земја“, смета политичарот, пренесува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче