„Согласно разговорот што се одржа вчера меѓу претседателот Путин и нашиот претседател, со министерот за надворешни работи (Лавров) ќе продолжуваме да разјаснуваме дали можеме да работиме заедно во првата голема сфера на соработка за Сирија и можеме ли да постигнеме прекин на огнот кој ќе трае доволно долго за да преминеме на мировен процес“, изјави Тилерсон, додавајќи дека сѐ е сѐ уште во рана фаза и не знае „каде ќе нѐ однесе тоа“.
Според американскиот државен секретар, Москва и Вашингтон треба да ги стабилизираат односи кои „одат по надолна спирала“. Тилерсон потсети дека со неговата оценка за ниското ниво на односите се согласила и руската страна.
„Ако можеме да најдеме полиња каде, ни се чини, можеме да воспоставиме некаков степен на доверба, затоа што сега доверба фактички не постои, тогаш имаме голем список на работи на кои треба да работиме“, изјави тој, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче