„ВикиЛикс“ откри можна „руска трага“ во протекувањето на писмата на Макрон

Емануел Макрон, лидер на политичкото движење „Напред!“ и кандидат за претседател на Франција на иборите гестикулира по првиот изборен круг во Париз. 23 април 2017, Франција.

Емануел Макрон, лидер на политичкото движење „Напред!“ и кандидат за претседател на Франција на иборите гестикулира по првиот изборен круг во Париз. 23 април 2017, Франција.

Ројтерс
Претходно „ВикиЛикс“ соопшти за протекувањето на голем број електронски писма од изборниот штаб на кандидатот за претседател на Франција Емануел Макрон.

Организацијата „ВикиЛикс“ соопшти дека во папката со преписката која протече од изборниот штаб на кандидатот за претседател на Франција Емануел Макрон деветпати се споменува име на соработник на една руска компанија, се вели во соопштението на организацијата на „Твитер“.

Претходно сајтот соопшти дека протекол голем број на електронски писма од изборниот штаб на Макрон. Според „ВикиЛикс“, информациите се објавени предоцна за да можат да влијаат на резултатите од изборите.

Денеска во Франција се одржува вториот круг претседателски избори. Граѓаните на Франција избираат меѓу Макрон и лидерот на „Националниот фронт“ Марин Ле Пен, пренесува RT.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња