Лавров: средбата меѓу Путин и Трамп е потребна за конкретни резултати

Сергеј Лавров

Сергеј Лавров

AP
Москва очекува конкретни резултати од средбата меѓу претседателите на Русија и САД Владимир Путин и Доналд Трамп, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за телевизијата „Мир“.

„Разбирате, средбата ни е потребна и нам и на Американците, според мене, не за да има некаков надворешен ефект и да се каже: „Е ова е сензација, толку долго зборуваат, и ете најпосле се одржа“, изјави Лавров.

Тој потенцираше дека лидерите на двете земји ќе се сретнат „не само за да си стиснат рака еден на друг и да слушнат кој што мисли за меѓусебните односи и за меѓународните проблеми“.

„Русија и САД толку силно влијаат на меѓународната стабилност и безбедност, што од таквата средба, се разбира, ќе се очекуваат конкретни резултати. И за да биде така, треба добро да ја подготвиме. И сега со тоа се занимаваме“, додаде министерот за надворешни работи на Русија, пренесува RT.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња