Лавров: Москва нема да се меша во дискусиите за Русија во ЕУ

Сергеј Лавров

Сергеј Лавров

Flickr / МНР на Русија
Во ЕУ против Русија е настроено „агресивно малцинство“, додека во целина таа „аномална“ тенденција постепено почнува да се отфрла, смета шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Москва нема да се меша во внатрешните дискусии меѓу земјите на Европската Унија за односите со Русија, изјави министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров во интервју за телевизијата „МИР“.

Според него, некои претставници на Западот го ставаат „политизираниот пристап“ над економските интереси на своите земји и интересите на своите граѓани.

„Постои позиција на оние кои се категорично против секаква нормализација на односите со Русија. Постои позиција и на оние кои се залагаа уште сега да почне да се излегува од овој санкциски ќорсокак. Ние, повторувам, оваа тема не ја покренуваме и не сакаме да се мешаме во внатрешните дискусии, но гледаме како тие реално се одвиваат во ЕУ“, истакна Лавров, пренесува РИА „Новости“.

Во ЕУ против Русија е настроено „агресивно малцинство“, додека во целина таа „аномална“ тенденција постепено почнува да се отфрла, смета рускиот министер.

На крајот на април на средбата меѓу Лавров и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, министерот ѝ укажа на присуството на „русофопски расположенија“ во ЕУ и на тоа дека европските политичари често си дозволуваат неосновани обвинувања на адреса на Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња